Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека следните парламентарни избори во земјата ќе се одржат во редовниот термин во 2028 година, нагласувајќи дека нема планови за нивно предвремено распишување.
Мицкоски посочи дека „кај одредени политички противници постои страв од избори“, но дека актуелната владина агенда останува насочена кон спроведување на реформите и исполнување на програмата за целиот мандат.
-Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027-та година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните, кажа премиерот.
Тој истакна дека политичката стабилност и континуитетот во работата на институциите се приоритет, додавајќи дека Владата нема намера да отвора прашање за предвремени избори.
Со оваа порака, премиерот практично ја потврдува определбата на извршната власт за целосно одлежување на мандатот и спроведување на политиките до редовниот изборен циклус.
Деск
ВМРО – ДПМНЕ СЕКОГАШ Е ПОДГОТВЕНО ДА ОДИ НА ИЗБОРИ И ДА ПОБЕДИ, НО БИ САКАЛ ДА ИМАМЕ РЕДОВНИ ИЗБОРИ ПРОЛЕТТА ВО 2028 ГОДИНА, КАЖА МИЦКОСКИ
2 Mins Read
Previous ArticleМАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ПРЕТСТАВЕНА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА

