Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид на градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, при што беше констатирано дека работите се одвиваат со засилена динамика на повеќе делници долж трасата.
Според информациите од терен, досега се изградени вкупно 37 километри автопат, од кои 34 километри се веќе пуштени во сообраќај, на делниците Пресека – Песочани и Требеништа – Охрид.
Во моментов се интензивираат активностите на повеќе клучни објекти, вклучувајќи вијадукти, галерии, паралелни пристапни патишта, како и поставување на заштитни мрежи и еластична одбојна ограда.
-На терен се ангажирани околу 950 работници и над 400 градежни машини и механизација, со цел проектот да се реализира согласно предвидената динамика, истакна Мицкоски.
Од Владата порачуваат дека проектот останува еден од приоритетните инфраструктурни зафати, со цел обезбедување современ, безбеден и функционален патен коридор кој ќе го подобри поврзувањето меѓу Охрид и Кичево.
Деск

