Богат турист маваше камења кон фока на хавајскиот остров Мауи, па заработи неколку тупаници откако локалните жители го нападнаа.
Инцидентот што се случил на хајскиот остров Мауи, кога 37-годишен турист фрлаше камења кон фока и го вознемируваше морското животно, а потоа истиот беше натепан од локален жител, добива разврска. Како што објави Њујорк Пост, откако туристот мавал со камења по фоката, позната помеѓу жителите на островот како Лами, поголем број на луѓе притрчале во обид да го спречат, а еден од жителите на Мауи и физички го нападнал удирајќи му неколку тупаници.
Целиот настан, од мавањето со камења, до добивањето на тупаници е снимен, а видео снимките се објавени на социјалните мрежи.
-На ми е гајле, јас сум богат, кажал туристот откако потоа бил приведен.
Градоначалникот на Мауи, Ричард Бисен, се обрати на јавноста по инцидентот, и го нарече човекот кој му удри туппаници на туристот еколошки активист, и му оддаде признание.
-Некои од вас го видоа видеото каде нашиот еколошки активист ги зеде работите во свои раце и го научи туристот што може да се случи кога се плеткате со нашата земја и животни. Постојано гледам како овде доаѓаат луѓе со друг менталитет и уништуваат работи, во случајов нападнаа животно. Да бидам јасен, ова не е врста на посетители кои ги сакаме на Мауи. Добредојдени се туристите кои со почит сфаќаат дека кон нашата култура, опкружување и див свет мора да се однесуваат внимателно! Вакво однесување нема да се толерира, порача Бисен, кој е поранешен судија.
Фоката Лани пак, е симбол за задравување на островот, каде во минатото се случил разорен пожар. Кога фоката пак се вратила таму по пожарот во 2023 година, голем број на жители ја надгледувале и се грижеле за неа. Туристот кој ја нападна пак, доколку биде обвинет, се соочува со казна од 50 илјади долари и затвор, поради кршење на Законот за заштита на морските цицачи, кој ги вклучува и фоките. Детали за настанот се објавени и на службениот профил на Мауи.
Деск

