-Не е проблем што Лука за жал станува агресивен. Тој е дете кое се бори со аутизам, и проблемот е што јас во овие години не можам да ја стишам неговата бујна агресија, со оглед на тоа што тој сега е во пубертет и стана многу посилен, вели музичката дива Маја Оџаклиевска (72), која до неодамна се грижеше за својот внук од ќерка, а откако откри дека веќе извесен период Лука, кој сега има 17 години, бил сместен во специјална установа, наиде на низа на осуди и критики на социјалните мрежи. Во интервју за Курир.рс таа отворено раскажа низ што минува нејзиното семејство.

-Проблем е што тој понекогаш напаѓа и луѓе, а јас не можам да го запрам, бидејќи додека да погледнам, тој ќе истрча 20 метри пред мене. Поради тоа, за жал, Лука е сместен во дом… Јас одам редовно, го посетувам еднаш неделно и му ја носам омилената храна. Се прилагоди, добар е и послушен. И понатаму останува невербален, тој не може да ви каже дека нешто го боли, дека нешто не му се допаѓа. Со него постојано морате да наслушувате, за да не се вознемири. Тоа е малку комплицирано. На Лука му е добро, а сега ми е малку подобро и мене, раскажа Маја.
Додава дека често го земаат Лука заедно со мајка му и тетка му на по неколку дена. На почеток секое враќање назад било тажно, но тој веќе се навикнал и знаел дека тие пак ќе дојдат за сите да бидат заедно. Таа е позната по својата отвореност и во годините наназад често раскажуваше за предизвиците и за малите победи кои и се случуваат со внукот, а со своите прикзани ги рушеше предрасудите и се трудеше да им помогне на оние кои се нашле во слична животна ситуација.
Оџаклиевска, жената со раскошен глас, харизма и уникатна енергија, се грижеше за внукот со години наназад, а поради него се пресели од Белград, и создаде мало и топло катче во Велика Плана. Пред неколку недели во Белград беше наградена како уметник кој оставил силен белег на фестивалот Белградска пролет. Пред четири години пак, во Србија и беше доделена национална пензија, за врвен придонес во културата.
Деск

