Легендарниот британски пејач Бој Џорџ од групата Culture Club имаше неочекувана улога на овогодинешниот Eurovision Song Contest, откако се приклучи на музички проект и го претставуваше Сан Марино заедно со италијанската пејачка Сенхит.
Тој учествуваше како коавтор и придружен вокал во песната „Superstar“, која е дел од настапот на Сенхит и се појавуви на сцената во рамки на нивниот заеднички перформанс.
Соработката е дел од стратегијата на Сан Марино, кое често ангажира меѓународно познати изведувачи за да го засили својот настап на Евровизија. Песната е во модерни поп и денс стилови, со сценски настап кој се опишува како енергичен и визуелно впечатлив.
Иако соработката помеѓу Boy George и Сенхит се сметаше за еден од најзабележливите моменти на овогодинешното издание на Евровизија, сепак Сан Марино не влезе во финале.
Б.Н.
Previous Article500 МЕТРИ ПОДАЛЕКУ ОД УЧИЛИШТАТА: НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА КАЗИНАТА

