Министерството за образование и наука најави зголемување на финансиските средства за научно-истражувачка дејност, како дел од поширока стратегија за унапредување на науката и истражувањата во земјата.
Паралелно со зголемувањето на буџетот ќе се воспостави и појасна регулаторна и институционална рамка со цел поефикасно управување со научните проекти, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција организирана од Институтот за македонска литература при УКИМ.
Од Министерството посочуваат дека новите мерки имаат за цел да обезбедат поголема транспарентност, предвидливост и квалитет во распределбата на средствата за истражувања. Дополнително, се најавува уредување на системот кој треба да овозможи подобра координација меѓу научните институции и државните тела.
Во фокусот на најавените политики е зајакнување на поддршката за научната заедница, со цел поттикнување на иновации, зголемување на меѓународната конкурентност и подобрување на условите за работа на истражувачите во земјата.
Министерството нагласува дека со новиот пристап ќе се воспостави „целосна рамка“ за развој на науката, која ќе ги опфати и финансиските и законските аспекти на научно-истражувачката дејност.
Деск
Previous ArticleМАЃАР ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ЛУКСУЗ ВО ДРЖАВНИТЕ ЗГРАДИ ВО УНГАРИЈА

