Фолк Фест Валандово 2026 година ќе се одржи под мотото „Да ни е жива песната македонска!“, слоган инспириран од победничката песна на Војо Стојановски, кој носи силна симболика и порака за зачувување на националниот музички идентитет.
Со оваа порака, Фолк Фест Валандово уште еднаш ја потврдува својата улога како еден од најзначајните фестивали на македонската народна музика, кој со децении ја негува традицијата и го афирмира домашниот мелос.
Организаторите истакнуваат дека годинашното издание ќе донесе нови композиции, свежа енергија и современ пристап, но со силна почит кон корените. Фестивалот продолжува да биде платформа каде се спојуваат генерациите, а песната останува мост меѓу минатото и иднината.
„Песната е наш глас, наше паметење и наша радост“, порачуваат од фестивалот, нагласувајќи дека токму преку музиката се чува културното наследство и се гради заедничкиот идентитет.
И оваа година, Валандово ќе биде во знакот на македонската песна, славејќи ја традицијата, јазикот и духот на народот, со порака што одекнува како благослов – да ни е жива песната македонска.
На 27 Мај на сцената на 39. издание на “Фолк Фест Валандово 2026” ќе настапат
Софија Пуровска, Ивана Наумовски, Благица Калева, Дејан Николоски-Чуле, Распеани Валандовчани, Горан Тодоровски, Стефан Илиќ (Србија), Благоја Грујовски, Христијан Божинов, Aнгела Влинтовска, Габриела Новевска, Драган Даце Николовски, Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд, Лени Партикова, Ивана Серафимовска, Мишко Крстевски, Горан Тодороски, Василија Петрова, Смиља Митревска и Нино Величковски.
Деск

