Скопје ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во поновата историја, откако концертот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета, закажан за 8 септември во Национална арена Тодор Проески, официјално е распродаден.
Од Авалон Продукција информираат дека сите 50.000 влезници биле продадени за помалку од 12 часа, што претставува рекорд и доказ за огромниот интерес за настапот на францускиот музички продуцент и диџеј.
Еуфоријата околу концертот достигнала врв во моментот кога повеќе од 250.000 луѓе истовремено се обидувале да обезбедат билети преку онлајн платформата, создавајќи вистински притисок врз системот за продажба.
Податоците на организаторите покажуваат дека најголем дел од публиката ќе биде домашна – дури 93 проценти од купувачите се од Македонија, додека останатите седум проценти доаѓаат од странство, што сепак потврдува и значителен меѓународен интерес за настанот.
Концертот се организира по повод одбележувањето на 35 години независност, а се очекува да понуди спектакуларно шоу со врвна продукција, какво што ретко се гледа во регионот.
Од организацијата информираат дека сите купувачи ќе ги добијат своите PDF-влезници најдоцна до 17 мај. Настанот веќе се најавува како еден од најзначајните музички спектакли годинава во земјава.
Деск
250.000 ЛУЃЕ СЕ ОБИДУВАЛЕ ИСТОВРЕМЕНО ДА КУПАТ БИЛЕТИ ЗА ДЕЈВИД ГЕТА: ВЛЕЗНИЦИТЕ ОД 35 ДЕНАРИ РАСПРОДАДЕНИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 12 ЧАСА!
1 Min Read

