Вистинска драма се одвивала денеска на аеродромот во Аеродром Сплит, откако авион на Croatia Airlines излетал од пистата при полетување.
Според првичните информации, леталото од типот Airbus A220, кое сообраќало на линијата Сплит – Франкфурт, излегло од пистата за време на забрзувањето и завршило на тревната површина покрај неа.
Во авионот имало над 130 патници и членови на екипажот, кои веднаш биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а според надлежните, евакуацијата била спроведена брзо и без паника.
Очевидци за хрватските медиуми изјавиле дека во моментот на инцидентот се забележал чад, а при наглото сопирање биле оштетени делови од светлосната сигнализација долж пистата.
По настанот, аеродромот бил привремено затворен, додека службите за итни интервенции и истражните тимови излегле на терен. Во тек е истрага која треба да ги утврди причините за инцидентот.
Од авиокомпанијата соопштија дека екипажот постапил согласно сите безбедносни процедури и дека приоритет била безбедноста на патниците.
Деск
Previous ArticleСПОМЕН ЗА РАТКА РАДМАНОВИЌ: БЕЗ КАСТИНГ ДО УЛОГА СО БЕЛУЧИ
Next Article БУГАРИЈА ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА!

