Се сеќавате ли на приказната за Викторија Еспино, која пред две години дипломираше на Правниот факултет при Universidad Autónoma de Zacatecas во Мексико и станала првото лице со Даунов синдром во светот со диплома по правни науки. Денес оваа храбра девојка има 26 години, веќе работи како адвокат и активно се посветува на застапување на лицата со попреченост, борејќи се за нивните права и еднакви можности.
Со огромна поддршка од своите родители, кои никогаш не дозволиле нејзиниот Даунов синдром да биде пречка за нејзините соништа, таа успеала да го оствари она што многумина го сметале за невозможно.
-Се гледам себе како локален претставник, вљубеник во правото, и сакам да го отворам патот на сите луѓе кои живеат со попреченост, бидејќи инвалидитетот не може да го замолчи нашиот глас, волја и способност да придонесеме во подобрувањето на нашето општество, кажа таа за тамошните медиуми.
Освен во правото, Викторија е активна и во уметноста, а нејзините слики биле изложувани на повеќе настани во Мексико. Таа учествува и на форуми и дебати за инклузија, каде што зборува за потребата од еднакви можности во образованието и вработувањето.
Нејзината приказна денес инспирира илјадници луѓе ширум светот и претставува потсетник дека упорноста, поддршката и вербата во сопствените способности можат да ги урнат и најголемите бариери.
Деск
САКАМ ДА ИМ ГО ОТВОРАМ ПАТОТ НА СИТЕ ЛУЃЕ КОИ ЖИВЕАТ СО ПОПРЕЧЕНОСТ, ВЕЛИ ВИКТОРИЈА КОЈА Е ПРВО ЛИЦЕ СО ДАУН СИНДРОМ ВО СВЕТОТ СО ДИПЛОМА ПО ПРАВНИ НАУКИ
2 Mins Read
Previous ArticleТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ

