-Молиме за помош од јавноста, доколку некој ја видел нашата Сузан, веднаш да ни јави или пак да пријави во полиција. Сите сме загрижени, таа излезе од дома синоќа, околу 20 – 21 часот без да каже збор, не кажа ниту каде ќе оди, ниту што планира да прави. Ги зеде само цигарите и излезе. Мобилниот телефон и е дома, дома и се личните документи, за ВИКИМЕДИА раскажува семејството на Сузан Мемет, која излегла од својот дом во Ѓорче Петров и се уште не се вратила.
Појаснуваат дека станува збор за семејна жена, сопруга, мајка и баба која била посветена на семејството. Никогаш во минатото не се случило да замине некаде, а да не им каже на блиските каде ќе оди. Токму поради тоа, велат дека се крајно загрижени.
-Сузан не одеше на работа, беше домаќинка посветена на домот и фамилијата. На фотографијата која ја доставуваме до јавност таа има темна бордо боја на коса, но сега бојата на косата и е црна, кратко е потстрижена. Слаба жена е, висока околу 160 сантиметри, кога излезе беше облечена во сив џемпер, а на нозете носеше собни влечки. Нема здравствен проблем, но забележавме дека последните две недели како да беше некако потиштена. Секоја помош е добредојдена. Доколу некој ја забележи, апелираме веднаш да не извести, да ја задржи, да се јави и во полиција, бидејќи случајот веќе е пријавен, велат членови на семејството на Сузан.
Ако некој има било каква информација за случајот, може да го контактира семејството на 077 812 712 или пак на бројот за итни случаи 112.
В.К.

