Момче на возраст од 20 години со иницијали М.Ѓ. е четвртата жртва во страотната сообраќајна несреќа која се случи синоќа на скопската обиколница кај клучката Мирковци.
Во несреќата загина баритонот Ристе Велков (51), првенец во Националната Опера, неговиот син Адам (20) и уште двајца негови врсници.
Според информации од МВР, 76-годишниот возач Б.Б. од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото на обиколницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.
Камионот ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобилот „БМВ“ во кој биле четворицата. Од силината на ударот двете возила се запалиле.
Возачот на камионот е лишен од слобода и се наоѓа во полициска станица. Засега нема детали како дошло до губење на контролата врз камионот.
Деск
ИДЕНТИФИКУВАНА Е И ЧЕТВРТАТА ЖРТВА ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ ОБИКОЛНИЦАТА, СТАНУВА ЗБОР ЗА 20-ГОДИШНО МОМЧЕ
1 Min Read

