На 22 мај 2026 година во 16:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишиле од слобода 29-годишен жител на Радовиш, со иницијали Џ.Д., поради сомнение за поврзаност со нелегално оружје.
Случајот следувал откако на социјалните мрежи се појавил видео запис на кој се гледа машко лице како пука со пиштол. По преземени оперативни мерки, полицијата утврдила дека лицето од видеото е С.А. (32) од Радовиш.
Врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во домот на С.А., при што во соба што ја користел неговиот брат Џ.Д. биле пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, муниција за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 милиметри, како и меч со футрола.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Деск

