Премиерот Христијан Мицкоски, по повод празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, порача дека јазикот, образованието и духовноста се темел на слободата и идентитетот на македонскиот народ.
Тој нагласи дека делото на просветителите претставува цивилизациска вредност и почеток на културната преродба, која се одржала низ вековите преку писменоста и црквата.
Мицкоски посочи дека Македонија опстојувала преку словото и институциите како Охридска Архиепископија и Македонска православна црква.
Осврнувајќи се на актуелните состојби, премиерот призна дека постои незадоволство од бавната правда.
„Може многу подобро и побрзо“, рече Мицкоски, додавајќи дека институциите ги слушаат реакциите на граѓаните.
Воедно, тој упати критика кон опозицијата, оценувајќи дека без обединување за националните прашања таа останува маргинална.
-Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата. Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам оние крици на луѓето кои ѝ се смеат на правдата, кои мислат за себе дека се непобедливи и дека ја измамиле правдата. Денес тие се најгласните критичари на Владата и пресоблечени измамници кои се најзагрижени за тоа дека немало правда.
Имаме отсуство кај дел од луѓето на чувство за припадност кон својот народ и подготвеност со гордост да го носат она што јас го велам – мекото ткиво на македонскиот народ. Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата, кажа тој.
Премиерот повика на „народно и интелектуално обединување“, оценувајќи дека тоа е клучно во овој период.
„Ова е последната шанса за Македонија“, порача Мицкоски.
На крајот, тој го честиташе празникот, истакнувајќи дека народ со јазик, култура и образование никогаш не е мал народ.
Деск
МИЦКОСКИ: НАЈГЛАСНИ КРИТИЧАРИ НА ВЛАДАТА СЕ ПРЕСОБЛЕЧЕНИ ИЗМАМНИЦИ КОИ МИСЛАТ ДЕКА ЈА ИЗМАМИЛЕ ПРАВДАТА!
2 Mins Read
Previous ArticleБОСАНСКИ БИЗНИСМЕН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ШУМА ВО ГЕРМАНИЈА

