Бизнисменот од Босна и Херцеговина, 51-годишниот Исмет К., кој беше киднапиран во Германија пред повеќе од еден месец, е пронајден мртов во шумска област во близина на Потсдам. Германските медиуми наведуваат дека телото било закопано на длабочина поголема од еден метар.
Според информациите од истрагата, Исмет бил киднапиран на 23 април годинава во берлинската населба Вајдманслуст. Непознати лица насилно го внеле во бело комбе и го одвеле во непознат правец, по што му се губи секоја трага.
Телото било откриено по анализа на податоците од неговиот мобилен телефон, што ги довело инспекторите до шумската област меѓу Берлин и Бранденбург. Германските медиуми пишуваат дека обдукцијата покажала оти Исмет најверојатно бил убиен со силни удари со тап предмет во пределот на главата и вратот.
Истрагата сè уште трае, а засега нема информации за осомничени или за евентуално барање откуп. Според неофицијални податоци, семејството на жртвата никогаш не добило порака или повик од киднаперите.
Деск
Previous ArticleИНЦИДЕНТ ГО ОДБЕЛЕЖА КОНЦЕРТОТ НА РИКИ МАРТИН ВО ПОДГОРИЦА

