70-годишната Лидија Велковска Бојчевска е исчезната од вчера, а нејзиното семејство бара помош од јавноста. Како што појаснува ќерката на Лидија, Златица, за ВИКИМЕДИА, таа се изгубила вчера, во 15.15 часот во дворот на училиштето Петар Поп Арсов, и од тој момент блиските трагаат по неа.
-Станува збор за лице со деменција, облечена е во розови тренерки, како на фотографијата и блуза со црно-бели пруги. Ова е првпат мајка ми да исчезне, замолуваме доколку некој ја види, да ја задржи и да повика полиција, или пак да ни се јави нам, на фамилијата на 070 399 945. Во овој момент не би можела да знам дали таа би реагирала доколку некој ја повика по име, вели ќерката.
Според последните информации, Лидија била забележна синоќа, во околу 21.00 часот во Кисела Вода.
Семејството апелира доколку некој има било каква информација, да ги контактира.
Деск

