Во рамки на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, големиот музички спектакл „Хосе Карерас и македонскиот ол-старс“, кој ќе се одржи на 1 септември на плоштадот Македонија во Скопје, ќе биде без настап на двајца од најпознатите македонски уметници – Владо Јаневски и Симон Трпчески.
Како што информираат организаторите, двајцата уметници биле дел од првичната покана и концептот за заеднички настап со светскиот тенор Хосе Карерас, но поради претходно закажани професионални обврски не биле во можност да учествуваат на концертот.
Од „Авалон продукција“ посочуваат дека и покрај нивното откажување, програмата останува исклучително силна и ќе ги обедини некои од најголемите имиња на македонската музичка сцена. Концептот предвидува првично настапи на македонските изведувачи, по што следува централниот дел со настапот на Карерас.
Во проектот ќе учествуваат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Игор Дурловски и Ана Дурловски, а целиот концерт ќе биде придружуван од оркестарот на Македонската филхармонија.
Организаторите најавуваат дека и покрај промените во составот, концертот ќе понуди висок уметнички квалитет и специјални изненадувања за публиката, кои засега остануваат неоткриени.
Деск
ВЛАДО ЈАНЕВСКИ И СИМОН ТРПЧЕСКИ БИЛЕ ПОКАНЕТИ НА КОНЦЕРТОТ СО КАРЕРАС, НО ОТКАЖАЛЕ ПОРАДИ ОБВРСКИ
1 Min Read
Previous ArticleСЕ БАРА 70-ГОДИШНАТА ЛИДИЈА ОД СКОПЈЕ, ИСЧЕЗНАТА Е ОД ВЧЕРА

