– За успешна жена или маж сеедно, не го сметам оној кој преку ноќ стекнал слава, пари, бизнис. За мене преку ноќ да станете „некој“ е несфатливо! Тој „некој“ за мене е никој! Само човек кој континуирано дава резултати, во било која област, кој ги наградува луѓето, се грижи за нив, им обезбедува егзистенција, радост е успешен. Никогаш не сум била на фризер, дури и шијам (па ме зафркаваат дека се облекувам во „бутикот на Јоана“), никогаш не безделничам, никогаш не сум дремнала попладне. Моите деца веќе имаат свои семејства, но не престанувам да се грижам за нив. Мојот дом секогаш изгледа како дом. Имам пријатели, луѓе кои мислат на мене и на кои мислам – вака раскажуваше во постаро интервју Јоана Поповска, доајен на македонското глумиште.
Поповска, жената која целиот свој живот го посвети на актерството, го прослави својот 83-ти роденден.
Родена е во Битола на 18 јуни 1943 година и потекнува од реномирано културно семејство. Ќерка е на доајенот на Народниот театар Битола — Коста Џековски. Нејзиниот животен пат во театарот започнува уште на 6-годишна возраст, со улогата во претставата „Коле во Печалбари“.
Таа изгради импресивна кариера и позната е по својата неверојатна моќ за трансформации на сцената. Добитник е на бројни награди и признанија, како во земјава, така и во странство.
ЈОАНА ПОПОВСКА, ЛЕГЕНДА НА СЦЕНАТА КОЈА ГО ЗАПОЧНАЛА ПАТОТ ВО ТЕАТАРОТ НА ШЕСТ ГОДИНИ
2 Mins Read
Previous ArticleПАТУВАЊЕ НИЗ БОЛКА И УМЕТНОСТ: ЖИВОТОТ НА ЉУБИША САМАРЏИЌ

