Одделението за внатрешни работи (ОВР) Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 52-годишниот П.Б., жител на Неготино, поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ согласно член 244 од Кривичниот законик.
Според пријавата, лицето на земјиште во негова сопственост, во местото викано „Дубровско“ во Неготино, изградило неколку објекти без соодветна документација и дозволи за градба. Во објектите, како што се наведува, била вршена и угостителска дејност.
При извршен инспекциски надзор, надлежните органи констатирале дека објектите се подигнати без решенија за поставување и без одобренија за градба.
Надлежното јавно обвинителство ќе постапува по поднесената пријава и ќе утврдува натамошна кривична одговорност.
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НЕГОТИНЕЦ: БЕЗ ДОЗВОЛА ИЗГРАДИЛ ОБЈЕКТИ И ВО НИВ ВРШЕЛ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
1 Min Read
Previous ArticleСКОПЈЕ ДОБИВА НОВ МОДЕЛ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА СЛУЖБА

