Аква Парк Пробиштип продолжува да ја гради својата позиција како една од најатрактивните летни дестинации во земјата, но и како нов епицентар на ноќниот живот во Источна Македонија. Стотици посетители уживаа во спектакуларната вечер со регионалната музичка ѕвезда Наташа Беквалац, која приреди концерт исполнет со емоции, хитови и незаборавна атмосфера.
За одличното загревање на публиката беше задолжен македонскиот DJ Bono, кој со својот сет ја подигна енергијата и ја воведе публиката во вечер исполнета со музика и забава. Атмосферата беше вистинско лудило – пееше и танцуваше целата публика, а Аква Парк Пробиштип уште еднаш покажа дека е место каде летните ноќи добиваат поинаква димензија.
Со големите музички настани и богатата летна програма, Аква Парк Пробиштип сè поубедливо се позиционира како центар на забавата и ноќниот живот во источниот дел на Македонија.


