-Првата сериозна љубовна врска ја имав во доцните триесетти години, со Јасна Дулиќ, балерината од танцовата група Локици. Доста касно беше тоа, кога веќе бев зрел, открива музичката ѕвезда Здравко Чолиќ (75) за српските медиуми. Познат дека ретко зборува за приватниот живот, тој не открива многу детали за четиригодишната врска со Јасна, но раскажал дека во документарниот филм ,,Pevam danju, pevam noću” е опишан дел од неговото секојдневие во времето кога бил млад и доста популарен помеѓу понежниот пол.

-Жените правеа се за да ми се приближат. Сакав со моето однесување да го избегнам тоа колку што можам повеќе. Живеев во Загребачка 31 на Грбавица, и таму доаѓаа жени како на екскурзија и пишуваа по ѕидовите. Три пати го префарбувавме ѕидот во дворот, го има тоа во документарецот.
Со сопругата Александра се запознавме случајно и бевме во врска 11 години. Некако се одеше бавно, и на крај работата беше – ќе биде или нема да биде. Не е лесно да ја омажиш ќерката за естраден уметник за кој секако се зборувало и уште се зборува сешто. Беше тоа симпатија на прв поглед и тоа во животот се случува три – четири пати, да ти се допадне некој и да сакаш да бидеш со него, а не е лошо и кога луѓето долго се забавуваат, бидејќи тогаш се јавува и чувството за грижа кон тој човек.
Верноста, непоколебливоста и чесноста ме привлекоа кон сопругата, раскажува Чолиќ.
Со Александра, со која имаат две ќерки, се ожени на 50-годишна возраст, во 2001 година. Во 2018 година и ја посвети емотивната песна „Тебе чувам за крај“, а во спотот се појавува мозаик на крајот, кој го формира нејзиниот лик.

