Против 40-годишен жител на Пробиштип е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип информираат дека кривичната пријава е поднесена против Ј.Ј. (40), кој, според сомненијата, подолг временски период ја вознемирувал В.Н., како и нејзината сестра и мајка.
Според МВР, осомничениот им упатувал закани, а во два наврати употребил и електрошок, при што од оштетените изнудил вкупно 110.000 денари.
Полицијата презема понатамошни мерки, а случајот ќе биде предмет на натамошна постапка пред надлежното јавно обвинителство.
Previous ArticleПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ИНДИЈА ПРИСТИГНУВА ВО СКОПЈЕ

