-Кога го добив синот на 48-годишна возраст, лекарите ми предложија да го сместам во специјализирана институција, каде ќе ја добива потребната нега, а јас да продолжам со својата кариера и живот. Категорично одбив, не го ни разгледав тоа како опција. Еве не денес, по 45 години од неговото раѓање, живееме во нашиот мал свет, опкружени со нашата ботаничка градина, а синот Џон и покрај сите здравствени предизвици е визуелен уметник чии слики се изложуваат во многу јавни галерии, раскажува Џули Њумар (92), своевремено големата холивудска актерка која светот ја запозна како првата Жена – мачка во серијалот Бетмен во 1960 година.

По три спонтани абортуси таа го добила Џон, дете со Даунов синдром, и без размислување се повлекла од филмскиот гламур за да му се посвети на мајчинството.
На тригодишна возраст, по тешка битка со менингитис, тој целосно го изгубил слухот и способноста за говор, а Џули за да може непречено да комуницира со својот син, посетувала вечерно училиште за да го научи знаковниот јазик и го научила и него. Во тој период и се случил и разводот со таткото на Џон, адвокатот Холт Смит, и таа продолжила да се грижи за синот како самохран родител.
Денес Џули често ја споделува уметноста на синот на социјалните мрежи, и неретко истакнува дека тој е нејзиниот најголем благослов.

