Возач-почетник на возраст од 18 години вчера бил лишен од слобода откако на автопатот Скопје–Тетово бил затекнат како управува автомобил со брзина од 211 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил регистриран околу 18:20 часот кај клучката Кондово. Младиот возач, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки, бил запрен од полициски службеници откако со радар била измерена брзина од 211 километри на час.
Поради сторениот прекршок, возачот бил лишен од слобода, а возилото му било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските прописи.
Од МВР потсетуваат дека продолжуваат засилените контроли во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на патиштата и санкционирање на несовесните возачи.

