Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност.
Според обвинението, осомничениот на први ноември 2025, попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го лишил од живот Никола Тимев, познат помеѓу сограѓаните како Мамли (фото).
Како што е наведено во обвинителниот акт, Тимев и Режак претходно биле пријатели. Критичниот ден заедно седеле на скалите во близина на објектот и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која прераснала во физичка пресметка.
Обвинителството тврдеше дека Режак најпрво го удирал Тимев со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на рацете, нозете и черепот. Од ударите, кои според обвинението траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани, при што се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење.
По нападот, обвинетиот го оставил Тимев на скалите и побегнал од местото. Повредениот подоцна бил забележан од случајни минувачи, кои повикале итна медицинска помош. Тимев бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како последица на здобиените повреди.
Пресудата на Основниот суд во Гевгелија е првостепена и странките имаат право на жалба пред надлежниот второстепен суд.
РЕЧИСИ 30 МИНУТИ ГО ТЕПАЛ ДО СМРТ: 18-ГОДИШНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ВАСИЛ КОЈ ГО УБИ СВОЈОТ ПРИЈАТЕЛ
2 Mins Read
Previous ArticleЦРВЕНИОТ КРСТ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ГОСТИВАР

