Дваесет и четиригодишен жител на скопско село е лишен од слобода под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со телесни повреди.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот во село во Општина Петровец. Според пријавеното, осомничениот управувал автомобил „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, а преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел со возилото околу 20 метри. По настанот, тој го напуштил местото.
Повредената жена била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода осомничениот истиот ден околу 20:30 часот.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЈА ФРЛИЛ МАЈКА МУ ОД ПРОЗОРЕЦОТ И ЈА ВЛЕЧЕЛ СО ВОЗИЛОТО, ЖЕНАТА Е ПРЕНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА!
1 Min Read

