Close Menu
Вики

    Subscribe to Updates

    Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

    What's Hot

    По ланските епохални штети од пожарите на Серта, планината денес пак гори од штипска страна!

    23/07/2025

    Многу сме изненадени од ова прекрасно место, кажаа полските уметници Длугош и Јунгиевич, кои настапија во црквата „Света Софија“ во Охрид

    23/07/2025

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    ВикиВики
    ЧЛЕНСТВО
    • Почетна
    • Македонија
    • Магазин
    • Свет
    Вики
    Македонија

    13 од 36 обвинети за случајот со лажните инвалидски пензии се спогодиле со обвинителството: Детали за предметот ,,Синдром”

    22/07/20253 Mins Read23 Views
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Шерни
    Facebook Twitter LinkedIn WhatsApp Email

    Јавното обвинителство се огласи со соопштение за предметот ,,Синдром”. Станува збор за случајот кој ја тресеше јавноста во април годинава, кога основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори обемна истражна постапка против 49 лица, и во координирана акција со Министерството за внатрешни работи беа уапсени 23 осомничени. Осомничените формирале две групи. Првата група била со цел да извлече пари од лица кои аплицирале за социјалното право на помош и нега од друго лице, а пак втората група осомничени барале и примале поткуп од апликанти за инвалидска пензија. Станува збор за лекари и службени лица.

    -По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица. Постои основано сомневање дека десетмина од обвинетите сториле кривични дела и тоа: Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, пет лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање поткуп, две лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите 19 лица се обвинети дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп.
    Според доказите, обвинетите се организирале во две криминални групи кои во текот на 2023 година и до април 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија, во замена за парични средства. Цената за овие услуги се движела од 150 до 5000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.
    Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.
    Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучија спогодби со обвинителството и врз основа на истите Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за кривично дело – Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање поткуп, воедно ѝ се одземаат и противправно стекнати 15000 евра, а на останатите кои се спогодија им е изречена алтернативна мерка – условни осуди на казна затвор од 1 до 2 години, која казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три односно пет години не сторат ново кривично дело, од нив на едно лице му се одзема имотната корист која настанала како резултат на извршување на кривичното дело – надоместок за помош и нега од друго лице во вкупен износ од 36.520,00 денари, а на едно лице противправно стекнатата имотна корист од 2360 евра и 81 000 денари.
    Со обвинителниот акт јавниот обвинител му предложи на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост, наведено е во соопштението.

     

    Деск

    Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
    Previous ArticleГерманскиот виолончелист Даниел Милер-Шот настапи на ,,Охридско лето”: Првпат сум во Охрид, овде луѓето се извонредни!
    Next Article Почина Ози Озборн: Пред помалку од три недели одржа концерт за збогување!

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    По ланските епохални штети од пожарите на Серта, планината денес пак гори од штипска страна!

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    Кавадарчанка платила за изнајмување на вила во Грција, кога стигнала на дестинацијата сфатила дека е измамена!

    Demo
    Demo
    АКТУЕЛНО

    По ланските епохални штети од пожарите на Серта, планината денес пак гори од штипска страна!

    23/07/202520 Views

    Многу сме изненадени од ова прекрасно место, кажаа полските уметници Длугош и Јунгиевич, кои настапија во црквата „Света Софија“ во Охрид

    23/07/202510 Views

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025417 Views

    Кавадарчанка платила за изнајмување на вила во Грција, кога стигнала на дестинацијата сфатила дека е измамена!

    23/07/2025247 Views
    Stay In Touch
    • Facebook
    • Twitter
    • Pinterest
    • Instagram
    • YouTube
    • Vimeo
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вилиџ Фестивал Војшанци го најави второто издание: Решени сме да станеме бренд и да го заживееме нашето мало место!

    23/07/2025

    Малото неготинско село Војшанци се подготвува за второто издание на Вилиџ Фестивал, која минатата година…

    Велешанец ќе ја претставува Шведска на ,,Mr. Gay Europe 2025”: Овде можам да придонесам за заедницата и за оние кои бараат свое место!

    22/07/2025

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025
    ЗА НАС
    ЗА НАС

    „ВИКИМЕДИА” е електронски медиум чија цел е пренесување на точни информации и негување на објективното новинарство.
    Нашиот тим се залага за одбрана на човековите права, демократијата и слободата на говор, како и за гаранција за правото на информирање.

    Facebook X (Twitter) Instagram
    АКТУЕЛНО

    По ланските епохални штети од пожарите на Серта, планината денес пак гори од штипска страна!

    23/07/2025

    Многу сме изненадени од ова прекрасно место, кажаа полските уметници Длугош и Јунгиевич, кои настапија во црквата „Света Софија“ во Охрид

    23/07/2025

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025
    ПОПУЛАРНО

    Вилиџ Фестивал Војшанци го најави второто издание: Решени сме да станеме бренд и да го заживееме нашето мало место!

    23/07/2025

    Велешанец ќе ја претставува Шведска на ,,Mr. Gay Europe 2025”: Овде можам да придонесам за заедницата и за оние кои бараат свое место!

    22/07/2025

    Три дена се трага по неготинецот Димитар: Излегол после ручек да се раздвижи и не се вратил дома!

    23/07/2025
    © 2025 ВИКИМЕДИА. Designed by MK NET.
    • Политика за колачиња
    • Услови за користење
    • Импресум
    • Маркетинг
    • Контакт

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.