Светски познатата активистка Грета Тунберг деновиве беше во посета на Македонија. Првин, таа го посети Општествено-културниот центар Тетово, а потоа се приклучи на бликадите против изградба на хидроцентрали во Дошница.
Но, покрај овие посети кои привлекоа големо внимание, Тунберг за време на својата посета во земјава, таа одвоила време и за популарниот ресторан Јавор Агапи, кој се наоѓа на влезот во село Мрзенци, а кој е широко познат по специјалитетот јагне на жар. Важи за место за одмор на одење или враќање од Грција, бидејќи се наоѓа во близина на Гевгелија, а досега многу познати регионални музички ѕвезди го посетиле и објавиле свои фотографии од специјалитетите кои таму се приготвуваат.
Од локалот на својата страница на социјалните мрежи се пофалија со фотографија на која Тунберг позира со моделот Катарина Ивановска, и порачаа дека тие двете им го разубавиле денот со посетата.
-Од две тотално различни професии, но со една заедничка цел, убавина и љубов во цел свет! Нашата лепотица Катарина и шведската активистка Грета Тунберг ни го разубавија денот со нивната посета. Заедно сме посилни, Дошница, објавија од Јавор Агапи.
Грета (22) стана глобално позната по својот активизам на 15-годишна возраст, кога наместо на училиште, одела на протсети пред шведскиот парламент, за да повика на посилна акција за глобалното затоплување. Има добиено голем број на меѓународни награди и признанија за својот активизам.
Вики Клинчарова
Грета Тунберг и Катарина ни го разубавија денот со посетата, се пофалија од ресторанот Јавор Агапи од Мрзенци!
2 Mins Read
Previous ArticleСе трага по жена од неготинско Војшанци
Next Article ПРИСИЛНИТЕ ДЕТСКИ БРАКОВИ – ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА

