Во раните утрински часови, гостиварец со ,,бмв,, со швајцарски национални ознаки, удрил во мотоцикл управуван од 18-годишно момче, кое починало на местото на несреќата, информира Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека денеска (29.07.2025) во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.
Деск

