По шест дена интензивна потрага во водите на реката Вардар, денес е пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б., која откако влегла да се разлади во реката во четвртокот, потонала.
Информацијата за Викимедиа ја потврдија од СВР Велес, од каде известуваат дека телото на девојчето е дадено на обдукција.
-На 29.07.2025 во 12.10 часот во водите на реката Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атар на село во Општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.
Потрагата по Теодора беше масовна и голем број на стручни тимови за потрага по копно и потраги во вода трагаа по неа. Во меѓувреме, очајната мајка на девојчето молеше за помош од рибари и земјоделци кои се движеле покрај речното корито на Вардар од Градско до Гевгелија, да помогнат во потрагата.
Како потсетување, на 24.07.2025 околу 16.30 часот во СВР Велес било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во с.Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од с.Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката. К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала.
Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнале потрага за пронаоѓање на девојчето.
Деск

