Сообраќајната несреќа која денес се случи на автопатот Тетово – Скопје, однесе три човечки животи, а едно дете е повредено и примено на болничко лекување.
Лицата кои ги изгубиле животите се на возраст од 55, 59 и 71 години, и се наоѓале во патничко возило, а нивни сопатник било и повреденото дете.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот кој денес околу 15.45 часот се случил на автопатот Тетово – Скопје, а во кој учествувале патничко возило и автобус.
-Случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово.
Во незгодата животот го изгубиле возачот Т.И (59) и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршил дежурниот Јавен Обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово, соопштија од полицијата.
Деск

