Поп пејачот Даниел Кајмакоски, кој стана познат во регионот по учеството и победата во музикото шоу Икс Фактор Адриа, ќе биде музички гостин на концертот на Лепа Брена, што вечерва ќе се одржи на Билјанини извори во Охрид.
Тој додава дека му е голема чест што Брена лично го поканила да и гостува, а моментот да ја дели сцената со неа, за него бил посебен.
-Tолку многу песни и музика во изминативе години, а за многу генерации се уште најпривлечно и најинтересно звучат хитовите на Брена.
Чест ми е што таа лично ме покани да бидам гостин на нејзиниот концерт во Охрид!
Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми.
Посебен е овој момент, повторно да ја делам сцената со Брена, права дама, единствена и по музиката и по убавината.
Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш, Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш.
Се гледаме вечерва во Охрид, на Билјанини извори од 20:30 на концерт на Лепа Брена, порача Кајмакоски.
Музичарот веќе неколку години живее во Србија, а периодот престојувал во родното Мислешево.
Инаку, вечерниот концерт на Лепа Брена на стадионот Билјанини извори е дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам”. Таа истиот го најави уште во мај и кажа дека голем број на Македонци многу долго и пишувале и ја прашувале кога ќе дојде во Охрид. Порача дека е среќна што конечно може да и каже на македонската публика дека доаѓа во Охрид.
Деск

