Лице од Кавадарци на возраст од 83 години во петокот вечерта било пронајдено починато, со повреди на главата, во сопствениот двор. Телото било дадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.
Настанот го потврдија од СВР Велес.
-На 01.08.2025 во 21:50 часот во ОВР Кавадарци, било пријавено дека во дворот од неговиот дом, пронајден е починат Н.В.(83) од Кавадарци. Лекар констатирал смрт со повреди на главата.
Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција за утврдување на причините на смртта на лицето и расчистување на настанот, известија од СВР Велес.
Деск

