На оној што ќе ни рече „вие сте млад народ со млада држава“, ќе му одговориме дека сме чеда на Гоцевата визија за „Млада Европа“ и за светот како поле за културен натпревар на народите, истакна претседателката Гордана Силјановска – Давкова за време на одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во Крушево.
Нејзиниот говор од Крушево наиде на широка јавна поддршка и масовно се споделува на социјалните мрежи.
-Чудно е, во името на слободата на мислата и нејзиното изразување, да слушате европски пратенички оспорувања на македонскиот идентитет, 100 години по печатењето на АБЕЦЕДАР-от за децата Македонци во Атина во 1925, под притисок на Лигата на народите!
Неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент, како школа на европската демократија да ве квалификуваат како млад народ и млада држава, со модерен јазик и модерен идентитет, кажа претседателката.
Додаде дека ние не сме стебло без корен и дека нашата слобода и нашата република се вкоренети во европската пролет на народите, во демократските и хумани визии на „Млада Европа“.
-И затоа, на оној што ќе ни рече „вие сте млад народ со млада држава“, ќе му одговориме дека сме чеда на Гоцевата визија за „Млада Европа“ и за светот како поле за културен натпревар на народите!
Цврсто сме решени како што беше европски зацртано да стигнеме до целта до 2030 година, европеизирани по словото на Копенхагенските критериуми!
Да ни е вечна слободата!
Да се избориме за европскиот пат и европскиот дом, порача Силјановска-Давкова од Крушево.
Previous ArticleПочинат кавадарчанец со повреди на главата пронајден во двор

