Во земјава денес нема ниту еден активен пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Биле евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, и сите биле изгаснати.
-Изгаснати се пожарите во Општина Долнени, Липково, Чашка, Македонски Брод, Тетово, Врапчиште, Кичево, Делчево и Виница. Пожарот во фабрика за прехранбени производи во Велес, кој бил пријавен синоќа во 22.00 часот, бил локализиран во 04.00 часот, известија од ЦУК.
Од СВР Велес пак, потврдија дека пожарот во фабриката бил изгаснат од страна на ТППЕ Велес. Додаваат дека нема повредени лица, а увидот бил во тек.
Според неофицијални информации, истиот бил предизвикан од гром.
Деск

