Од 11-ти до 23-ти август во Кочани и околината ќе се случуваат разновидни активности за млади, креирани според нивните потреби, известуваат од Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска.
-Ги прашавме младите од Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Виница и Пробиштип како се чувствуваат во последниот период и кои се нивните потреби. Внимателно ги слушнавме 289-те млади кои одговорија на прашалникот и се обидовме да понудиме програма по нивна мерка.
Така настана летната програма за млади „ЛЕТО ВО ДРУШТВО“, која ја креираше тимот на ЦПКА-Малинска, во соработка со професионалци кои понудија спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници и активности. Заедно со соработниците и волонтерите од Кочани, со голема посветеност и љубов креираме за младите од Кочани и регионот.
Домаќини на програмата се Локалниот младински совет ЛМС – Кочани, и Општина Кочани во соработка со Support Kocani.
На крајот од програмата ќе се одржи изложба на која младите ќе ги споделат своите дела со јавноста, информираат од ЦПКА – Малинска.

