Велешанец на возраст од 53 години е пријавен за исчезнат и се трага по него. Исчезнувањето во полиција синоќа го пријавила неговата сопруга, а според информациите со кои располагаме, станувало збор за лице кое немало здравствени проблеми.
Од СВР Велес го потврдија случајот и додаваат дека се работи на негово решавање.
-На 07.08.2025 во 20:50 часот во СВР Велес, Б.К.(50) од Велес пријавила дека од
домот се оддалечил нејзиниот сопруг В.К.(53). Се преземаат мерки за
пронаоѓање на лицето, соопштија од полицијата.
Нема официјална информација пред колку време исчезнал мажот по кој се трага.
Деск

