Дрвокрадци во Струшко биле затекнати среде кражба на буково дрво, и истите штом ја забележале полцијата, се дале во бегство, оставајќи ги зад себе двата натоварени трактори, моторните пили и останатата опрема која ја носеле со себе.
-Вчера во 14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Франгово и Лабуништа, при граничната полиција регионален центар „Запад“, пронајдоа, два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.
Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема, соопштија од СВР Охрид.
Од Секторот додаваат дека при извршен увид, констатирано било дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга. По целосно расветлување на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава.
Деск

