Во манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ и „Пресвета Богородица“ во Лешок ќе се одржи 15-то издание на ,,Лешочки фолк фест”. Настанот ќе се случува на 27-ми август, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, а од организацијата најавуваат фестивалска магија со родољубиви, печалбарски, свадбарски и чалгаџиски теми.
Зад фестивалот стојат Сузана Спасовска и Борче Брзанов, во соработка со Тетовско–Гостиварската епархија при МПЦ–ОА.
Конкурсот за учество на настанот беше отворен во април, и беа повикани да учествуваат сите домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз.
Концептот на фестивалот е да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.
Деск

