Денес во раните утрински часови, односно во 02:41 часот на телефонскиот број 112 била добиена пријава за поставена бомба во авион кој од “Меѓународниот аеродром Скопје” требаше да полета кон Турција, извести Министерството за внатрешни работи.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа. Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно работење, соопштија од МВР.
Деск

