Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, вчера слетаа на аеродромот во Енкориџ во Алјаска, по што двајцата со лимузината на Трамп се упатија кон воздухопловната база „Елмендорф-Ричардсон“ каде се одржа тричасовна средба.
Сепак, договор за прекин на војната на Русија против Украина не бил постигнат, но на средбата бил постигнат голем напредок, истакнал Трамп, а пренесе ,,Гардијан”. Според него, состанокот бил продуктивен и биле договорени многу точки, а за најважната точка, прекинот на војната, Трамп порачал дека имаат шанси да стигнат таму.
Путин пак, порача дека лидерите постигнале разбирање, безбедноста на Украина мора да биде гарантирана, а исто така рече дека причините за коренот на конфликтот мора да се решат.
Според него, војната никогаш немало да започне, ако Трамп ги добиел изборите во 2020 година.
За време на средбата, Трамп му предал на Путин писмо од неговата сопруга Меланија, пренесе Ројтерс. Не се прецизирани детали околу содржината на писмото, единствено било соопштено дека во него се пишува за судбината на децата од Украина и Русија.
Деск

