Дете на возраст од пет години е тешко повредено, откако додека управувало со електричен тротинет, во него удрило патничко моторно возило. Настанот се случил вчера во Гостивар.
-Вчера во 12:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Гостивар, на крстосница од улица „ЈНА” со улица „101″, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „голф” со гостиварски регистерски таблици, управувано од Б.Б.(66) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од петгодишно дете од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар, соопштија од Минситерството за внатрешни работи.
Од МВР вчера ја промовираа кампањата за намалување на повредени возачи на електричен тротинет, односно за безбедно возење на тротинетите, зад кои најчесто стојат малолетници.
Во едукативното видео објавено од страна на министерството, зборуваат малолетници кои биле повредени при возење, како и доктори кои истакнаа дека најчести пациенти повредени при управување на е-тротинет се деца, со повреди на глава, внатрешно крварење на мозок и фрактури на череп, кои не носеле заштитен шлем.
-Брзина на движење не поголема од 25 км на час на велосипедска патека и брзина не поголема од 6 км на час на тротоар или на пешачка патека, Електричен тротинет може да управува лице кое навршило најмалку 14 години, а возачот на тротинетот не смее да пренесува други лица за време на управувањето, и во вечерни часови мора да носи рефлектирачки елек, од МВР и РСБСП потсетуваат на законските обврски.
Деск

