Утринава околу 04:48 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Н.(34) од Куманово, кој управувал патничко возило „смарт“ со кумановски регистарски ознаки. Како што известуваат од МВР, при извршена контрола констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,43 промили алкохол во крвта.
Во каква состојба бил возачот, не е познато, но со оглед на промилите алкохол во крвта, најверојатно бил пред губење на свест.
Имено, лекарските и медицински факти околу присуството на алкохол во крвта велат дека со 2,5 промили алкохол во крвта веќе се јавуваат сериозни пречки на сите ментални и физички функции. Се зголемува и ризикот од задушување при повраќање, како и од повреди при паѓање или друг вид на несреќа.
Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.
При 3,5 промили веќе претставуваат сериозен проблем и може да доведат до појава на кома. Ова количество алкохол по својата јачина е еднакво како и јачината на една анестезија при хируршка интервенција.
Четири и повеќе промили алкохол предизвикуваат состојба на кома, а многу веројатно и смрт пред се заради престанок на дишење, многу нискиот крвен притисок и задушување при повраќање.
Деск

