Општина Берово се подготвува за манифестацијата ,,Етно Плоштад Фестивал 2025“ која ќе се одржи од 28-ми до 30-ти август.
Во склоп на истата, на плоштадот „Димитар Беровски“ ќе настапат голем број на музичари, а Харис Џиновиќ ќе биде главна музичка ѕвезда.
Неговиот концерт е закажан на 30-ти август (сабота), а истата вечер ќе настапат и Мики Секуловски и диџеји за крај на вечерта.
Во деновите пред тоа пак, гостува Игор Димовски со Пауза за ракија, ќе настапат културно-уметнички друштва од Берово и други општини, ќе се одржи детски фестивал ,,Малешевско ѕвонче”, концерт ќе одржи Андријана Петрушовска, како и српската група Амадеус Бенд.
Џиновиќ беше главна музичка ѕвезда и на годинашното издание на Пивофест Прилеп, кое се одржа минатиот месец.
Деск

