Струмица повторно ќе биде центар на регионалната музичка сцена, вели струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, кој најави гала журка во градот со познати музички имиња. На манифестацијата Get EXITed која ќе се одржи во Градскиот парк ќе настапеле Џек Џонс, Бејби Лазања и Бајага и Инструктори
-На седми септември во Големиот градски парк ќе се одржи четвртото издание на гала журката Get EXITed, со влез слободен за сите посетители.
Оваа година, на иста сцена ќе настапат:
Џекс Џонс: Глобалниот хитмејкер и еден од највлијателните светски диџеи, познат по хитовите „You Don’t Know Me“ и „Instruction“.
Бејби Лазања: Регионалната сензација и миленик на евровизиската публика со хитот „Рим Тим Таги Дим“.
Бајага и Инструктори: Легендите на рок сцената кои со своите вечни хитови спојуваат генерации.
Get EXITed и Општина Струмица продолжуваат со традицијата да носат врвни светски и регионални ѕвезди, претворајќи го градот во задолжителна музичка дестинација.
Очекувајте незаборавна вечер исполнета со поп, рок и електронски звук до раните утрински часови, најави Костадинов.
Деск

