Несекојдневна случка е евидентирана во полицискиот билтен, откако кај лице од Кавадарци во ист ден двапати било пријавено дека во помошна просторија во неговиот ден избил пожар. Првиот пожар бил пријавен во раните утрински часови, а пак вториот во вечерните. И двата пожари, самиот ги изгаснал.
Настанот го потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес, но нема информација како биле предизвикани пожарите.
-Вчера во 02:10 часот, во ОВР Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија од домот на А.М.(38) од Кавадарци. Пожарот сам го изгаснал, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Исто така и во 22:40 часот во ОВР Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија од домот на А.М.(38) од Кавадарци, кој повторно сам го изгаснал, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од полицијата.
Деск

