На 19-ти август во 20.00 часот во Музеј галерија Кавадарци, свечено ќе биде отворена меѓународната ,,Ликовна колонија Михајлово 2025”. Отворањето ќе се случи со самостојна изложба на Вахит Акан, ликовен уметник од Текирдак, Турција.
Ликовната колонија ќе трае до 24-ти август, и најавени се околу 40 учесници.
Куратори ќе бидат м-р Владимир Темков и м-р Марина Убавкова.

Ова ќе биде 29-то издание на колонијата, која со тек на годините стана доста препознатлива и е од големо значење за ликовната уметност, посебно во Кавадарци, каде секоја година доаѓаат автори од повеќе држави.
Настанот секогаш има врвна организација, и важи за еден од најреномираните во земјава.
Здружението на граѓани ,,Ликовна колонија Михајлово” и градоначалникот и Совет на Општина Кавадарци ги поканија сите љубители на ликовната уметност да присуствуваат на отворањето на изложбата на Вахит Акан и почетокот на колонијата.
Деск

