Вчера во Куманово започна манифестацијата ,,Кумановско културно лето”, која ќе трае до недела. Ова е трето издание на културно-забавниот настан, за кој општината одвоила два милиони денари.
Отворањето беше со Меѓународниот фолклорен фестивал во организација на КУД „Панче Пешев“, кој ќе трае до среда, а во четврток ќе се одржи Фестивалот на хумористична песна „Тумба фест“, на кој ќе настапат 18 изведувачи. Истата вечер ќе се одржи и Рок- фест “Епска песна” (Knga epik).
Во петок е закажан Тамбурашкиот фестивал, а во сабота ќе се одржи Фестивалот на Рома „Туба фест“, кој годинава одбележува 20 години постоење.
Во недела ќе се одржи хип-хоп фестивалот „Тумсток“ на кој ќе настапат локални артисти, како и популарните Пајак, Таско и Чомбе.
Манифестацијата ја организира Фондацијата за култура и спорт.
Деск

