Македонскиот бисер Охрид ги живее последните августовски денови за оваа година. Преполн со домашни, но и странски туристи, градот е раздвижен од утро до мрак, а домаќините нудат интересни забавни содржини за сите вкусови. Од ракотворби, сувенири, традиционални кулинарски специјалитети, до разни музички стилови во локалите. За секого има по нешто, како за хедонистите, така и за оние дојдени да уживаат во чудата на природата и во сведоштвата за богатата македонска историја и култура, кои барем овде, ги има на секој чекор.
Вики Клинчарова











