Вкупниот буџет за одржување на Локалните избори 2025, изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини, или 6,5 милиони евра се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.
Кандидатите на Локалните избори ќе се рекламираат на 329 медиуми, соопштија од Државната изборна комисија.
-Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали се отфрлени како неуредни, односно ненавремено доставени. Државната изборна комисија (ДИК) позитивно одговори на 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали, соопшти Светлана Карапетрова, член на ДИК.
Деск

